“НЕОМАТЕРИЈАЛНИ ИЗРАЗИ”

Изложба

Изложба на Богдан Грабулоски Бонач, Виолета Блажеска, Софија Грабулоска, Јасмина Руневска, Дарко Талески,  Мирјана Тромпеска и Методија Јорданоски, насловена “Неоматеријални изрази” ќе се отвори утревечер од 18 до 20 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков”.

Ова е спој на материјалноста и новата постдигитална материјалност наречена неоматеријалност. Концептот на нематеријалност ја опишува објективноста која што вклучува мрежни дигитални технологии кои ги вградуваат, обработуваат и ги рефлектираат податоците на луѓето и околината , или ја откриваат сопствената кодирана материјалност и начинот на кој дигиталните процеси го гледаат нашиот свет. Се вградува дигиталното во објектите, сликите и структурите.

– Со интеракцијата на материјалноста и неоматеријалноста на делата креирани во традицилни ликовни техники се добива дигитална интерпретација. Ќе се претстават цртежи изработени со традиционални ликовни техники, надоградени со дигитална интервенција. Вклучен е компјутерскиот инженер Мирјана Тромпеска која што ликовните дела, цртежи, ги декодира т.е користејќи компјутерска програма издвојува задински код на секоја дигитална слика од  создадените цртежи. Кодовите се во интеракција со материјализираните цртежи, креирајќи уметничка интервенција во просторот – велат организаторите на изложбата.

Loading