Футсал
В понеделник (20,30 ч.) се очекува полна сала во ОУ “Добре Јованоски” со оглед на пресметката од 5. коло на Втората футсал-лига, Победа – Кораби. Гостите досега се единствени непоразени – со 3 победи и реми, а домашната со две победи, еден пораз и реми – на последниот дуел со Скопје (4:4), каде стрелци беа Виктор Тошески, Илија Ристески и Кире Наумоски 2. Со нови три бода Победа се израмнува со Кораби.
Табела: Кораби 10, Проект и Јувентус 9, Партизан и Победа 7, Енхалон, Мал Ајакс, Конзули и Кратово 6, Университи, Шкендија и Скопје 4, Каршијака и Балкан 0.