Фељтон: Томе Велјановски
Сите присутни кај игралиштето за време одморот каде не бил Мемет виновен, па и овде да не е виновен. Но, Петре заради Мемет не можи Марул и Канатларци војна да водат. Со прво за нас Марулци Канатларци е мало гратче, мала паланка.
1. 30 марулски ученици одат во Канатларци, меѓу нив и твојата сестра Илинка
2.Во Канатларци ни е нашето лекарство
3.Во Канатларци има воденица за брашно и прибој.
4. Во Канатларци има продавница со разни артикли
5.Во Канатларци има ковачници
6.Во Канатларци има колар за поправка на запреги
7.Во Канатларци има влачарница за волна
8.Во Канатларци во четврток има разен Пазар
9.Во Канатларци ни е матичната служба, пашушката управа, за стока, телефонска говорница и друго како и дел од службата за ЗК Прилеп. Месната заедница истите потреби за живот на жители и ред други работи. Затова да го оставиме Мемет, Господ нека му плаќа, ќе му плати само не му дојден денот. Откако Петре ги ислуша молбите и советите од другарите се повлече и откажа за некакви лоши освети против Мемет.
Додека ние седиме и разговараме со Петре за стореното дело, лоша работа направена со неговиот син Зекман вовлечен во расправија непотребно.
Забележаме две лица со велосипеди доваѓа нагоре по брего Падарница према куќата на Ристески Јованче Мурџески познати лица Тренески Ѓоре Куриро и Руждиноски Алириза таткото на Меди школско другарче на марулските ученици од годината 1961/62.
Гостите Ѓоре Тренески и Алириза Руждиноски се поздравија со едно, добар ден деца, ние групно му возвратиме на поздравот и седнаа поред нас. Моментално додека дискутираме со нив темата за Петре и Трајче прекина. Ѓоре Тренески Курирот ја отвори новата тема, во првите зборови рече, многу сум изненаден да вие си одржувате спортски натпревари и ви честитам за вашата активност. Нашата омладина во Канатларци досега никаква спортска активност, едино е селското корзо навечер и во празници. Гостите добија одговор, во Марул по традиција е машката пол повеќе е со фудбало, а додека девојките во слободно време и празници излегуваат на корзо.
Ѓоре во смеа рече, вие марулци сте жив расадник како Клепач за фудбалски играчи. Поради тој фудбал марулските ученици беа исклучени од Тополечкото училиште во педесетите години марулските ученици Ристески Богоја Мурџески и Павлески Коле беа подобра класа од Тополечките деца кои не можеа да се помират со тоа и почна провокативно да се однесува, дури и со физички закани да замеша и политика како татко му на Богоја Митрески Јованче не влегол во колективот, а додека татко му Коле Павлески Ванчо за време за Втората војна ноќе бил изведен зад брего Павлески стрелање. Во пукањето му била скршена раката. Учителите за да ја смират работата четири марулски ученици беа исклучени, тоа беше голема грешка од страна на училишниот совет.
Ристески Богоја Мурџески со престојот на Втората македонска ударна бригаде од 12 до 16 септември 1944 во Марул, Богоја го тера дома нивниот коњ, доваѓа по него двајца војници партизани, коњот го мобилизира и го одзема за транспопрт на војската. Татко му на избрканиот ученик Киро Крсте Танески цело време во позадината во НОБ, снабдувач за храна, облека и обувки на Втората македонска ударна бригада и дадено од куќата три војници во НОВ. Тогаш така било, после урабаџовци е зедоја власта.
Павлески Борис продожи да раскажува за фудбалот во Марул уште од времето за Колективот рече овде подолу и покажа со раката во колеската ограда на долниот крај беше игралиште со поставени дрвени стативи. Најчесто се играше во неработните денови, во празниците. ФК Марул често пати канеше фудбалски екипи од соседните села од Подмол, Лопатица, Бонче, Штавица мало Рувци ид р. Тогаш игра моите браќа Аце, Мирко, Коле, Богоја Мурџески тука ги калеа своите фудбалски знаења заедно со останатите марулски фудбалски активисти. За голман често пати беше Новачески Јован, пристар човек близу четириесет години.
Голамнот Јован ќе се соблечеше по долните долги бели гаќи, а земјата пепелова на теренот тој ќе се пеплосаше во белите гајки изгледаше како мрка коза. Луѓето во смеа ќе свикаат облечи ги пантолоните ќе те видат надлежните за ништење на козите ќе те фатат за рака ќе те товарат на воз и ајт во некоја словенска или хрватска фабрика за месо ќе те направат месна конзерва за доручек, сема врија народот. Како Јован што го имаше чист карактеро поштен,, ретки се во вилаето наш. такви луѓе треба да се гради чисто општество. Јован работеше во позадината на НОБ за стварање на македонската држава. Јован беше идеолог во колективо наречен Ленин ив о лико беше сличен на него. Не сум сам од тоа време како сведок, еве тука е мојата генерација Јованоски Петре и Данчо Велјаноски, Томе Павлески Павле, Дамјаноски Благоја, Мурџески Коста Танески Спасе па ги има и од женскиот пол му рече Борис на гостите Тренески Ѓоре Куриро и Руждиноски Алириза. Од таа традиција ние во есента лани го осниваме ФК Веслец, подоцна се приклучија и подмолските фудбалери. Првата утакмица есента 1963 е имаме со Вешерејца и ги тепаме со 2-0 на нивни терен.
Нашиот фудбалски кадар не беше доволен за играње на фудбалските натпревари, повеќето од фудбалерите беа ученици во прилепските училишта не можеа да бидат присутни на сите утакмици и бевмепринудени да земеме екстра играчи за на помош. Па така з ана помош ги имаме земано за на домашниот наш терен во Ерековци следните лица: Деркоски Пецо, Катарката Миле Силјансоки Божо, Руждинсоки Меди, Трајкоски Митре сите од Канатларци, Мајлоски Тоде од с. Шелеверци. Дурлески Толе за голман од с. Старо Лагово преселен од Волкосело потврди Павлески Борис, еден од најактивните фудбалери во тоа време од с. Марул.
Откако заврши темата со фудбалот се јави за збор Тренески Ѓоре Курирот и рече со мојот пријател Алириза сакаме да е продолжиме темата со која ве зачекаме кога дојдоме со која ве зачеме и се приклучиме што се догоди пред недела дена на патот при излезот од Канатларци од една страна и неговиот син Зекман воружани со метални вили против голораките Јованоски Петре и Василоски Трајче од с. Марул. Ситуацијата ни е позната рече курирот Тренески Ѓоре. Во разговорот и вториот присутен гостин лицето Руждиноски Алириза со неколку убави зборови.
Јас сум Руждинсоки Алириза по националност сум Турчин, роден во с. Канатларци, растен и воспитан во Канатларци. Тука творам, тука трошам. Имам така речено Турска држава со преку шеесет милиони жители. Никогаш таму не сум бил и никого не познавам. Ова што се догоди н ечини ниту за Канатларци, ниту пак за Марул, рече Алириза.
Се дојде до една заедничка идеа на фудбалското игралиште на чајрот Павлески ниту Петре и Трајче сакаат нешто да успоруваат работата да си продолжи меѓу селата и населението како што беше до сега.
Сите присутни му дадоја аплауз на Петре и Трајче. Со тоа станаа гостите Ѓоре и Илириза со обеќање од страна на Ѓоре Тренески како што бил дотогаш гостин во марул на селската слава на Богородица мала ин а некој куќни слави истото ќе го прави и понатака и сигурно пак ќе биди гостин и н аследнава Богородица мала заедно пријателов мој Руждинсоки Алириза рече курирот Тренески Ѓоре со Руждиноски Алириза да направат средба со селскиот одборник Петрески Ванчо Мурџески.
Мемет Партизано продолжи како и дотогаш превари, измами, попари окуби, до неговот убиство на 26/7 октомври 1969 година.