Фељтон: Томе Велјановски
Петра Илица беше многу години бајачка, гледачка, баеше од повеќе работи и беше прочуена бајачка. Вразниците поготово во недела доваѓаа од разни краеви со магариња, мазги, коњи, ортомисани по чајрот близу до нејзината куќа. Бајачката Илица Петра позната како Крушкојца раскажуваше да поред сопствените здравствени проблеми и за во младешкото време како и погрешиле во мажењето, не ја омажиле за момче кое го сакала, него за сосема друго непознато момче. Додека такви работи кај машкиот никогаш не се спомнуваше затова по ваквите работи се несигурни од женскиот према машкиот пол. Петра Милеска мажена за Јованоски Илија во с. Марул, родена 1885 – 1961 во Марул. Јованоски Митрев Илија роден 1885 – 1962 во Прилеп. Мајка е на Петра била Божиноска Божиноска – Ширклоска Бончанка. Мајка му на Илија е Мара Дашоска од с. Марул.
Кој беше Мемет Партизано од с. Канатларци
Ние учениците од с. Марул кој одеме на училиште во осмолетката Ирфан – Гоце Делчев да го завршиме основното осмогодишно одделение во с. Канатларци често наутро на сред селото или во продавницата го гледаме, стреќаваме жителот на селото Канатларци, Мемет Партизано, кој носеше на себе капа со поличе, а живееше некаде во близина на селската џамија поради идеше од тој правец.
Мемет Партизанот по занимање беше земјоделец. Неговите години на раѓање изгледаше измеѓу 1920-1930? Мемет имаше фамилија, познаваме едно негово дете, мислам да се вика Кадрија? Ние марулските ученици мислам никогаш не сме имале контакт во разговор со Мемет Партизано.
Не ни е познато како Мемет се прозиваше и од кои роднини потекнува неговиот род. Мемет партизано го добил прекаро небарем за времето од Втората светска војна Мемет се приклучил кон партизанското движење во НОВ во Македонија. Во тоа време Мемет украл врвци од војнички чевли. Кражбата била откриена, сторитело за да не одговара и како малолетен бил пратен назад за дома. Барем таков одговор дава Џафероски Алија ашлако канатларчанец, а додека прекаро Партизано му остана доживотно. Со тој негов природен лош карактер како преварател одеше по пазарите, правеше разни малверзации, трамп со стока плаќање само со обејќање. Некој од својата вредност губеа сто отсто. Стално беше осудуван и пред судските власти обеќа дека сето ќе биде средено како што треба работата си останува исто како порано. Мемет на таков начин живееше.
Во пролетта во 1964 година Марул и Подмол имаа основано заеднички фудбалски клуб под името Веслец за во натпревар во општината Тополчани. Фудбалскиот клуб Веслец за домашен терен го имаше фудбалското игралиште од с. Ерековци. По завршувањето на една од утакмиците од ФК Веслец со фудбалската екипа на Тројкрсти и Чепигово против Веслец 3-1 за нив кој исто така и тие две села имаа заедничка екипа, клуб.
Откако заврши утакмицата спортски се поздравивме со победничката екипа, играчите и симпатизерите на ФК Веслец присутни над сто членови си тргнавме за дома за Марул и Подмол. Додека две момчиња играчи на ФК Веслец, Василоски Трајче и Јованоски Петре Курела, марулчанчиња отидоја во с. Ерековци кај Стојан Вршкоски да е види Петре тетка му Траенка, сестра на мајка му Босилка.
Ние останатите присутни на утакмицата, играчи и навивачи дојдовме во Канатларци застанавме во ред да си купиме некоја слатка напивка и по некое бонбонче. Услугата за да биди побрза Ќиро продавачо за помошник во услугата го ангажира и продавачот Мулаим преселен тогаш од Мусинци во Канатларци поради во Мусинци престанало да има турско население, жители се осеќал осамен, се досели во Канатларци.
Додека ние да бидеме ослужени од продавачите дојдоја Петре и Трајче и застанаја последни во долгио ред пред продавницата. Присутните како што беа псолужени, така си заминуваа за дома. Откако ние заминаме дошол Мемет Партизано се приклучил во редот за чекање, ама во редот пред Петре и Трајче. Марулските фудбалери Петре и Трајче го опоменале да не му е местото каде што застана, но Мемет вулгарно им одговорил од ова место е од Канатларци и има предност во тоа.
Во близина околу расправијата се нашол канатларчанецот Алириза Руждиноски и е гледа расправијата, па го опоменал Мемета да не е во право како што постапува. Мемет нападнат од Алириза го напушти редот и си заминал за дома. Иначе, Алзириза Руждиноски беше отворен човек и голем пријател на марулските ученици кои го завршија осмо одделение, прва генерација во с. Канатларци во училиштето во годините 1961/62 заедно со неговото Меди. Меди заврши учителска школа на турски јазик во Скопје. Беше наставник во училиштето во Канатларци, па дојде да биди и директор во училиштето, сега е покоен, Бог да го прости, лесна му земја во канатларските гробишта. Школски другари на Меди се Василоски Трајче, Јованоски Анѓеле, Митрески Ристе, Анѓелески Борис, Трајкоски Богоја. Петре и Трајче откако ја завршиле работата во продавницата, си тргнале да си одат дома за во Марул. Само што дошле до бунарчето западно од патот спроти куќата на Миленко во близината на воденицата станале Мемд и неговиот син згора над пато каде се прават плитари со железни вили в раце, ги пречека младинците Петре и Трајче и ги нападнале со вилите без никаков одговор. Петре и Трајче давале отпор колку што можеле. Нападот од Мемет бил немилосрден, ѕверски. Некако пред сиот налет на Мемет и неговиот син нападнатите лица успеале набрзина со велосипедите му избегале. Тие фрлиле со вилите по нив, но за стреќа не ги погодиле. Петре, 21 годишно момче беше доста раскрварен, оштетен по лицето и телото, Трајче помина со помали рани.
Настанот кој се догоди со тепањето на марулските фудбалери од страна Мемет и неговиот син Зекман во полициската станица во Тополчани со добиен одговор да ние ништо не можиме да сториме поради тој е отфрлен од гонење против него од општинското судство. Секое едно лице да избегава конфликт со него, тоа е наш совет од полициската служба од с. Тополчани.
Низ Марул се прошире конфликто со тепачката и одговорот на милицијата и се слушаше тивко подшепнување од страна на марулските партизански војници правдата дали за вака ги влечеме капините и шипјето кај Форино, Челопек и Чојле одступајќи пред наездата на балистите. Јованоски Петре Курела работеше во Прилеп во ковачницата кај Бумбаро која се навоѓаше погоре, спротивно од фонтаната од Итар Пејо. Наредната сабота после тепањето Петре си дојде во Марул и се најдовме на нашето марулско фудбалско игралиште на брегот зад трлото од долните Павлевци. На Петре сеуште му се познава лузните од повредата. Тогаш Петре се изјасни ако дојди во Прилеп лошо му се пише, сите мои другари се бесни на него, рече Петре.
Со Петре ние неговите другари и играчите на фудбало седнаме и направиме една починка од фудбалот, а неколку помали дечиња со бардиња позајмени од кај Мурџески Јованче донесоја пресна вода од Павелскиот кладенец. Темата е отвориме, започнаме со тепањето, од една страна Мемет и неговиот син Зекман, од друга страна Василоски Трајче, седумнаесет годишно момче и Јованоски Петре, 21 годишно момче. Петре рече да Мемет самоволно е пердизвика расправијата и тепачката.
Продолжува