На 25 и 26 септември од 20 ч. во киното Мис Стон ќе се прикажува македонскиот филм “Нешто слатко” во режија на Тин Водопивец, во кој главните улоги ги толкуваат Сашко Коцев и Јелена Јованова.
Станува збор за збунувачка романтична комедија, која говори за кариерата на една организаторка на конференции која треба да го сочека гуруто по маркетинг од Македонија, кој го пропушта летот за Љубљана. За да избегне катастрофа, го заменува со еден локален слаткар, кој изгледа како него. Филмот е полн со преплети и забавна содржина.
Освен Коцев и Јованова, играат и Ула Фурлан, Ориана Гирото, Ранко Бабиќ…
– Приказната е забавна со релаксирачко дејство. Се оттргнуваат сите црни психолошки драми, што во последниов период се случуваат во секојдневието – велат од продукцијата.