Изложба на дела од Венко Цветков од штип Ќе биде отворена вечерва од 19.30 ч. во Ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков”. Цветков Ќе се претстави со дела кои се базираат на постмодерен синтетички ликовен слог при Што тој зема примери од сликарството на германскиот сликар Сигмар Полке.
-Синтезата на делата ја структуира така Што во визуелниот контекст, вклучува елементи од средновековното македонско сликарство. Во концептот на христијанството нема конфликт меЃу популарната култура и духовното размислување. Цветков се повикуваат на иконографијата на православното сликарство како и псалмите од светото писмо – вели м-р Матеј МтетликовиЌ, академски сликар за твореШтвото на Цветков.
– Изложбата е стихувана панорама на визеулни парадигми инспирирани од мегапотентниот вруток на библиските епови – посочува д-р Елизабета Димитрова.
Цветков роден Штипјанец, заврШил ВиШа педагоШка академија во Скопје. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана. Се враЌа во Македонија да биде реставратор на средновековно сликарство и активен творец во современото сликарство. Работи како професор во срредно училиШте од каде заминува во пензија. Покрај самостојното твореШтво интензивно работи на отсликување на православни храмови во Македонија.