ТАТКО И СИН ИЗГОРЕА ДОМА

Трагедија

Двајца прилепчани, татко и син загинаа во пожар што избувнал во нивниот семеен дом на улицата “Цане Илиоски”. Според МВР, 65 годишниот П.А. пријавил дека во неговата семејна куќа настанал пожар, во кој биле опожарени три простории, при што биле пронајдени починати неговиот 61 годишен брат В.А. и нивниот татко 92 годишен татко Љ.А. Едниот леш бил затекнат во дневната просторија и целосно изгорен, а другиот во претсобјето и се задушил.

Комшиите велат дека изгорените биле подвижни, но настрадале, оти останале да го гаснат огнот “натре во куќата.

Пожарот е изгаснат и е спречено да се прошири на другиот кат и на соседните куќи.

Увид на местото на пожарот направиле полицијата и основен јавен обвинител. Телата биле предадени за обдукција.

Loading