Витаминка
Витаминка објави оглас за стипендирање 4 студенти, со потекло од прилепскиот регион, запишани на додипломски студии на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје при УКИМ, во насоката прехранбена технологија и биотехнологија (ПТБ). Стипендијата е наменета за студенти во било која година на студирање. Рокот за аплицирање е до 5 октомври. Изборот ќе се изврши во рок од десет дена од крајниот рок за аплицирање.
Стипендијата изнесува 9.000 денари месечно во текот на целата година. Компанијата доделува и еднократен надоместок во иста висина на почетокот на академската година, за набавка на учебни помагала.
Стипендистите ќе имаат можност да реализираат феријална пракса во компанијата. Дополнителни информации на правен.секторЖвитаминка.цом.мк