Душко Темелкоски, музичар
Душко Темелкоски, иако по професија е археолог и од 1996 година работи во Заводот и Музеј. Но, од најмала возраст се дружи со музиката, која му е прва љубов. Завршил музичко училиште, но не станал музичар. Родителите мислеле дека музиката е хоби. Смета дека археологијата и музиката имаат допирни точки.
– Сосема ме исполнува уживањето во моите два света – музиката и археологијата. Неколку генерации, сме среќни што растевме во осумедесеттите со вонвременските југословенски поп и рок хитови, кои забележувам дека и денес бендовите ги свират по кафетериите. И тоа по барање на младите кои не биле родени. Мојот интерес за развој како музичар е поврзан и со дружењето со музичари кои денес се мошне почитувани, како Борче Шабаноски, Христијан Габроски и Дејан Кузманоски во Хрватска – вели Темелкоски.
Првиот настап го имал на скопскиот “Рок фест” со групата “Нова гарда” во 1985 година, заедно со Христијан и Борче.
– Групата подоцна го смени името во Гарда. Свиревме рок со вонредни текстови на Христијан. Групата, доби награда за најдобар гитарист, но не стана популарна. Од инает, Христијан и Борче, заедно со Валентино Лауцоски станаа Ристо Бомбата и Кучешка тенија. Познато е тоа што го направија со нивната пародија од музика. Се дружев, како клавијатурист, само на нивната турнеја низ Македонија и на живи свирки, оти заминав на студии во Белград. Во периодот на експанзија на рап музиката, се појавив како изведувач на рап стихови под името Доктор Дуле. Локален хит беше песната “Дар – мар – јас сум Цар”. Заедно Доктор Дуле и Мистер Тони се појавивме како дуо и го направивме хитот “Пријателе”, кој беше три недели на прво место на тогаш најслушаното македонско радио Канал 2. По враќањето со Шабаноски ја формиравме Бен Хур, од која останаа хитовите “Секс пиво рокенрол”, “Весела песна”, “Жива досада”,… Бев текстописец, а Борче беше композиторот. Дебитантски албум на МТВ беше номиниран за албум на годината. Тројката Бен Хур настапи двапати на фестивалот “Охридски фест” – се потсетува Душко.
За музиката вели дека секој човек слуша некој вид на музика.
– Да свириш е големо задоволство, без оглед дали е тоа забавна, народна, класична. А да компонираш и песни да допрат нечии емоции, да го “погодат” некого во срцето, да бидат примени од слушателите е неописливо задоволство. Заедно со Борче Шабаноски сум автор и на песни кои ги имаат изведено реномирани имиња од македонската поп сцена. Горд сум и на химната на фудбалскиот клуб Победа. Горд сум што на моја музика пееше Гога Зафироски – се сеќава Темелкоски.
Тој е автор на многу текстови за хитовите од детски фестивали и авторски музички илустрации и сонгови за театараски претстави за деца..
,, Ден за тебе,, со повод
– Композицијата “Ден за тебе”, посветена на Тоше Проески ја напишав за неполн час. Текстот “легна” врз мелодија од песна на Битлси. Тоше се појави на сцена првпат на “Мел фест”, исполнувајќи ја “Yesterdays” – раскажува Душко Темелкоски.