ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (205) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Вечерта кај Анѓелески или Стеваноски Илија Кадијата за денот Св. Никола на 18 декември 1957 имаше многу гости како Василоски Милкан и Димко,  Велјаноски Благоја, Дамјаноски Ристе, Јанкоски Ладе, Јованоски Лазар, Петрески Ванчо Бабјак, Танески Трајан, Крсте и Димко, Тошески Божин Јолески и други, и повеќе жени и нивните сопруги и деца. За да не одземаме време и одметкуваме конци за нивниот род и пород, сите овие присутни гости кај Кадијата меѓу себе се поврзани крвно или со светијованство. Василоски Димко за едно поколение е поблизу до Котевци него со Василовци и Дамјановци втори. Гостопримството на гостите кај Илија Кадијата беше на големо ниво. Услугата на домаќините беше за пофалба. Присустните гости на машката трпеза повеќето започнаа со историски настани од минатото, па дојде време да се спомни и недавно починатиот прилепчанецот и првиот претседател на македонската држава Методија Андонов Ченто и се даде голема почит према него. Сите присутни гости ги подигнаа чашите в раце и рекоа нека му е лесна земјата со зборот Бог да го прости.

Домаќинот Илија Кадијата и Димко Василоски седат на чело на гостинската трпеза и целло време вечерта полните чаши со вино ги разменуваа за задушница за Ченто. Не промашија чаша наполната од слугарите Илија и Димко да не ј аразменат. Оваа домаќинска куќа секогаш овој ден го чекала со голема веселба и музика, овој ден е дочекан без весела музика поради Петрески Ванчова Летка малолетно дете му е внука од ќерката Веселка на дедо Илија и баба Дуна. Во Марул го вика Илија Кадијата, во надворешниот свет познат е како Илија Кадијата. Додека Василоски Димко беше втор марулец, свиреше виолина и беше бајач баснар на повеќе болести. Димко во Марул беше дојден од Старскиот дом од Демир Хисар, после некое време се расчу да Василоски Димко починал.

Во есента 2005 година Комуналец од Прилеп имаше, даде оглас за пошумување на борова шума, дава бесплатно корење садници. Јас, Томе се погоди таму, отидов да прашам за расад за борова шума, добив одобрение и на одредениот ден ид атом отидов за да ги земам садниците, влегов во канцеларијата и ми рекоа дека имам за земање 120 коренчиња кои се припремаат надвор. Излегов од канцеларијата и отидов кај нројачката на расадот на борчињата, се поздравив. Таа ме праша, ти си од Марул, саднициве се за таму. Таа ми рече, да и е голема гордост за садниците ќе се пошумуваат во марул пордаи топа е потомка од Марул. Која ја прашав од кое потомство е од Марул, не знаеше да ми кажи. Ја си ги набројав сите постари иселеници од Марул во Прилеп, пак не добив одговор, само рече потомка е од Марул. Се потрудив ги набројав старите марулски иселеници како Китевци, Колевци, Котевци и Павлевци и таа немаше одговор. Ја си реков да не е нејзиното потомство по татко е од Марул. Таа ми понуди една слика од татко е за да го видам. Поново ја запрашав каде татко ти е роден. Добив одговор да татко е е роден во Прилеп. Ја си одговорив, ако татко ви е роден во Прилеп за мене тој е непознат човек. Таа ме замоли да го видам сликото од татко е. Е разгледав сликата и нејзе и реков дека татко е личи како ВасилсокиДимко, тогаш таа ме праша дали го познаваш то човек Димко. Одговор и дадов, го знам, тој беше втор марулец, свиреше на виолина и беше баснар, баеше од разни болести. Таа тогаш ми рече да тој Димко му бил вујко на нејзиниот татко Благоја, брат н а неговата мајка Марија.

Тогаш јас и дадов објаснение, сега е потврдиме вашата рожба во Марул, Димко е деленица со Василовци, Дамјановци и Котевци. Со Котевци едно поколение него со Василовци и Дамјановци втори. Таа тогаш си го кажа името и два пати имаме направено средба во Прилеп кога доваѓаме од Шведска. Сега мене позната од Марул ми е заболекарка во населбата Димо Наредникот во Прилеп.

Лица во Марул кои вршеле позначајни работи. Ова важи и за дел од женскиот пол како готвачки за свадби и првичина. Месарици за починати и свеќарки.

1.Одборници 1957

Ристески Велјанов Димко Танески 3/3

Јовчески Ристев ванѓел Велјаноски ½

2.Учител  

Трајчески Толев Спасе Подинец

3.Служител во училиштето

Новачески Димитријов Јован Димитријоски

4.Притрупи, клисари во црквата

Анѓелески Стојков Илија Кадијата 1/2

Јовчески Ванѓелов Трајко Велјаноски ½

5.Протуѓер

Ризоски Дојчинов борис Ценоски Бошески

6.Полјак, падар

Тошески Јованов Божин Јолески

7.Говедар

Здравески Стојанов Атанас Чонески

8.Свирач, музичар

Петрески Велјанов Алексо Бабјак

9.Членови на КПМ

Новачески Димитријов Јован Димитријоски

Павлески Трајанов Игне Јоноски

Петрески Цветанов Ванчо Мурџески

10.Родени во 1957

Атанасоски Танев Зоре Танески

Јованоски Душанов Славе Курелоски

Петреска Ванчова Летка Бабјакоска

Петреска Димитријева Донка Бабјакоска

Ристески Богојов Славе Танески

Ристески Тодев Коле Танески

11.Женети и мажени:

1.Атанасоска Неданова Петкана Танеска

2.Василоски Јованов Петре Василоски

3.Мојсоска Велева Најденка Колеска

4.Петрески Петрев Крсте Бабјак

5.Ристеска Орданова Васка Танеска

12.Умрени во 1957 во Марул

1.Петреска Ванчова Летка Бабјакоска

2.Петрески Петрев Велјан Бабјак

3.Ристески Дончов Мире Јанкоски

13.Готвачки, куварки во Марул на свадби, првичина и крштевки, на куќни слави видени повеќепати на овие работни места

1.Здравеска Атанасија Илинка Чонеска

2.Јошеска Петрејца Митра НИколоска

3.Митреска Јованческа Коприна Мурџеска

4.Трајкоска Василица Менка Чонеска

14.Месарици за починати луѓе

Анѓелеска Илица Дуна Стеваноска

Здравеска Атанасица Илинка Чонеска

Јовческа Ванѓелица Неда Велјаноска

Велјансока Велјаноска Донка Велјаноска

Митреска Митејца Милица Мурџеска

Митреска Степаница Божна Мурџеска

Ристеска Ладејца Донка Јанкоска

Стојаноска Ѓорѓица Анѓа Котеска

Ристеска Орданова Васка Танеска

Стојкоска Алексојца Милица Стеваноска

Трајкоска Василица Менка Чонеска

Цветкоска Миланова Ѕона Димитријоска

15.Свеќарки за палење свеќи на пресни гробови наутро навечер до шесте недели

Анѓелеска Илица Дуна Стеваноска

Василоска Трајаница Блага Василоска

Здравеска Атанасица Илинка Чонеска

Јошеска Петрејца Митра Николоска

Новаческа Јованица Ѓурѓа Димитријоска

Ризоска Боризица Цветанка Бошеска

Ристеска Петрејца Невена

Тошеска Божиница Доста Јолеска

Трајкоска Василица Менка Чонеска

Овие две работи готвачка и месарица према запишаниот материјал има повеќе жени кои биле на овие места кои одслужувале. Се препознава по нивните презимиња. Овие работи се подадени податоци од раскажувачите и така е запишано. Додека гробарите беа наизменични и нема за нив податоци. Односот на марулските домаќински жени во секое време нивниот донос бил хуман за секаква помош. Таква хуманитарна помош била спреведувана и во црква при раздавање за задушница.

Јанкоска Ѓорчејца Благуна Москоска од Подмол која имала девет деца. Нејзините соселани подмолки секогаш е подржувале со секаква економска помош и со црквено раздавање задушница и на таков благодарен начин Ѓорчејца Благуна ги одгледала нејзините деца здрави и витални.

Продолжува

Loading