Допиша перото на Даниел Мелвил – Слободан Симиџиоски
(1938 г. Прилеп – 2023 г. Прилеп)
Бидејќи секој најдобро си ја познава својата биографија, за да се избегнат неточности, дозволете ми јас лично да се претставам. Роден сум во Прилеп, каде матурирав во гимназијата “Мирче Ацев”. Таму извесно време бев претседател на Литературната секција и добив некои школски награди. Тогашните творби поезија и проза, освен еден сатиричен расказ, ми се ззгубија. Учествував како статист, при создавањето на списанието Стремеж, што белградск Политика го оцени како едно од двете тогаш најдобри во Федеративна Југославија. Во таа смисла, мојата литературна ролја во рамките на родниот град беше скромна. На 19 години заминав од Македонија, но продолжив со книжевни активности, меѓу кои преведувачка дејност како на пример романот од Гастон Л’Ру, “Тајната на жолтата соба” од француски на македонски, романот “Пасквелија” од Живко Чинго од македонски на француски, некои поеми од руски на македонски и на француски, како и неколку раскази од Филип Давид од српски на француски.

Во гимназиските години со повеќе соученици и соученички снимивме за Радио Загреб наши творби за една екипа од Радиото што нé посети, па нé претставиле како “идни надежи на Македонија”.
Од независноста на Македонија, десетина години соработував со некои наши ревии, или весници.
Како преведувач осознав дека македонскиот јазик е богат и отвора големи можности и за искажување на своите чувства. Еден светски познат креатор на филмови ми изјави дека во уметноста авторот споделува емоции со публиката.
Од релативно големиот број творби што ми се насобраа, објавени беа стихозбирката “Зрело жито”, а преку издавачката куќа Зенит, романот “Стравови”, книгата “Македонска рапсодија” и “Реквием за едно човештво”, “Патување во Софија” и мислам дека е најголемиот роман од македонски автор на 1600 страници, “Критон”.
Благодарен сум на сопругата Даниела, магистер по филозофија, а и уметник, сликар, која, долгогодишен професор по разни предмети, ми укажа и ми укажува помош и соработка во техничка смисла, а повремено и со нејзини уметнички слики.
![]()

