ВНИМАТЕЛНО СО ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ

СВР БИТОЛА

Апел до граѓаните

Поради зачестени пријави од граѓани кои се измамени со злоупотреба на личните податоци пристигнати во СВР Битола, во врска со подигнување на брзи кредити во име на трето лице за кои оштетените не се запознаени, апелираме до граѓаните да бидат исклучително внимателни со кого ги споделуваат или каде ги изложуваат на увид личните карти, патните исправи, трансакциски сметки или здравствени легитимации.

СВР Битола предупредува, посебно помладите, да бидат внимателни при посредување за работа надвор од државата. Со цел спречување на измами, особено да бидат внимателни при аплицирање и склучување на договор за работа во странство и да ја проверат агенцијата/компанијата која им ги нуди услугите за посредување и сите сомнителни случаи соодветно да ги пријават.

Loading