СЕ СУДРИЛЕ ПРИЛЕПЧАНЕЦ И СРБИН

На 13.07.2023 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на  автопат Скопје – Велес, кај Катланово, се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило “Шкода” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(53) од Прилеп и патничко возило “Рено” со српски национални ознаки, управувано од И.Н.(35) од Србија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото “Шкода”, Г.А.(38) од Прилеп, констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Loading