ПОВРЕДЕНИ НА ПЛЕТВАР

На 18.07.2023 во ОВР Прилеп било пријавено дека патот Градско -Прилеп кај влезот за селото Плетвар се случила сообраќајна несреќа меѓу автпмобил “БМВ” со битолски регистарски ознаки, управувано од А.А.(61) од Битола и патничко возило “Шкода” со прилепски ознаки, управувано од М.Р.(75) од Прилеп, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото “Шкода” Љ.Р.(70) од Прилеп, а со телесни повреди се здобил возачот М.Р., констатирани во болницата во Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Loading