ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (201) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Една јулска вечер, датата и денот се заборавени, Анѓелески Живко Стеваноски, 27 годишен домаќин, откако ги собра неговите исушени снопови од пченица во местото Леќиште  према реката во Лозница  тргна да си оди за дома. Патчето го носи према нивчето Велјаноско. Во Лозница забележал еден булук овци кои јадат од растурените сноповци од Велјановци. На горниот крај на нивата. До меѓата Димитријоска седи 16 годишниот овчар Петрески Крсте Бабјак.

Се доближува Стеваноски Живко со набодната на рамо до овчарот Крсте Бабјак и му вели. Ввака бре дома сте домаќини, ние ќе се мачиме по нивјето, ќе ги растураме куповите, а вие да ги храните овците. Крсте агресивно му одговори на Живко. Стопанка ти твоја и на тој кој ги има сноповите. На Живко му се крена притисакот од некултурното однсување. На кого бре стопанката, и замавнување со набодната преку вратот го соборува наземи. Крсте забегува надолу према реката. Додека Живко ги истера овците од снопјето, си дојде дома. Седна во дворот, во разговор со братчет му Дончо и сната Дончојца Зора, што му се догодило во нивата Велјаноска во Лозница со овчарот Крсте Бабјак.

Одеднаш од ненадеш во темница се појавија тројцата Бабјаковци, браќата Крсте, Димитрија и нивниот татко Петре во дворот од Живко вооружани со стапови Крсте и Петре, а додека Димитрија вооружан со набодна за товарање и растоварање на снопје.

Тројцата, Живко, Дончо и Дончојца Зора седат во дворот и бидуват нападнати од Бабјаците. Мештаните немаат при себе никакви работи за одбрана. Се удрија Живко со Крсте и Димитрија, Живко ненаоружан за бој, ја зеде на него неговата жена Неда, за затвори домашната и ја заклучи одвнатре. Зора Дончојца му се развикала и го удри Петре со една мотика и се скршила рачката.

Замавна Петре со стапо што го носел со себе , ја срушил Зора Дончојца на земи. Дончо се зафати со тепање, три со еден. Тој на нив, тие на него. Од таа меѓусебна борба Дончо повреден беше бајѓи. Живковите деца пиштат уплашени. Бабјаците го напуштија местото на обрачунот бегајќи за уличето крај Велјановци за по Средна река или преку средселото за дома на западната страна на Прва бригада во Марул. Јанкоски Цветко, прв брачед на Живко, брат на Дончо не знаејќи што се догаѓа во дворот од Живко со рацете назад си оди слободно према дворот од Живко. Димитрија го удрил со набодната по задникот и заминале Бабјаците со бегање во улицата крај Велјановци за дома во Западната страна на селото.

За кратко време, вечерта се собраа многу луѓе, меѓу нив и селскиот одборник Ристески Димко Танески. Го осудија тој брутален напад на Бабјаците. Преку селскиот одборник се извести народната власт за ред и милицијата која тогаш уште беше во с. Алинци, прилепско под селото под патот Прилеп – Битола.

Можеше да биди уште потрагично доколку навреме дознаеја Јанкоските браќа на Живко, кои броеја шест членови од машки пол. Како така, сé помина со полесно. Дојде време за на суд да се оди. Во судската работа се осети корумпирана судсска одлука. Од страна на судот, Стеваноски Живко Анѓелески му беше понудено за да се потпиши од Петрески Крсте, се смета како малолетен поради не му било измината датата на неговото раѓање, а додека во годината влегол во18-татастаросна годишна возраст.

Сето ова го организирал милиционерот Ристе Бурна од с. Кален, роднина на Петревци Бабјаците со прадедовско потекло од с. Крушевица. Судот одлучи за примирја за време од три месеци. Трите страни, Бабјаците од една страна. Живко и Дончо од друга страна ја прифатија судската одлука за примирја. Во спротивно, кој ќе ја прекрши, ќе одговара пред Вишиот суд во Битола.

Ситуацијата се смири. Поминаа трите месеци, па и годината, ништо не се догоди. Со времето, раскараните странки се помирија без закани меѓу нив. Од а кавгата и расправијата најтешката незгода ја доби жената на Живко, Неда. Таа доби тешка телесна траума. Се разболе, свеста ја изгуби и три месеци одлежа во нервната болница во Бардовци во новата година 1958.

По одлуката на судството, Бабјаците поготово Крсте се поослободи. Зеде храброст, кураж како голем бестрашен јунак до тогаш. Во момент кога била тепачката, тука биле очувот на Живко, Илија Кадијата и Василоски Милан Борачот. Од страв се сокриле под запрежната воловска живкова кола која се навоѓала во близината на тепачката. Тоа е чиста негова измислена лага и фалба. Милан во тие години беше страшен јунак. За сите работи равен на африкански машки лав. Од друга страна што барал Милан вечерта во дворо на Живко.

Во еден таков момент, после овој настан направиле некоја вербална замерка, не физичка за со овците комшиите Танески Блаже Ристеки и Петрески Крсте Бабјак. Крсте се пофалил кај овчарите дека Блаже ќе го најди живковото ако се позавати. Таа крстева закана на Блаже му дошла во неговите уши.

Во едно есенско утро во 1957-та Блаже ги забележал петте овчари со нивните овци булуци кои лежат во местото Граматска тумба, Јанкоски Атанас Ристески, Павлески Павле Петрески, Петрески Крсте Бабјак, Ристески или Верлјаноски Методија Танески, Тошески Љубе Јолески.

Блаже оди со ред, му ги открива јакулките од сакмите и го бара заканувачот Блажева тактика, последен го открива, навоѓа Крсте, го поткрева за јакулката и му вели, стани циго, да се тепаме. Крсте преплашен му одговара, оставиме, ми се спија. Блаже го влечи за јакулката по ледината, Крсте поново одбива. Блаже го остави Крсте и му рекол, лесно е кај Живко, еден со три.

Блаже беше силен човек по карактер и моралност, а не да му се плаши на Крсте. Танески Блаже е последното дете на Стојан и Анѓа Танески. И првиот партизански војник од Марул заедно со Велјаноски Благоја. Таков беше Блаже 1911 – 1999 година. И оваа расправија меѓу Блаже и Крсте заврши мирно. Најверојатно оваа негова кавга и омраза како замислена работа дојде уште од 1955 година. Крсте тргна летно овчарче на 16 години, за време на бачилата ги пасеше овците јаловици, шилежината одбиените јагниња и бравите, односно овните. Во еден јунски ден, не се врзуваме за името и датата во 1955 година, Крсте овците ги пасеше во местото Усто магаре во близината на лозјето од Ванѓел Велјаноски. Крсте заспива, а неговите булуг овци влегуваат во лозјето и направија поголема штета. Го опасуваат.

Доваѓа до кавга и расправија меѓу селскиот полјак Мијо, прилепчанец, со Крсте Бабјак. Доваѓа и стопанот на лозјето Велјаноски Ванѓел. Оовците на Крсте му беа истерани од Велјаноското лозје. Крсте како одмазда до стопанот на лозјето му нафрли, му изрече погрдни зборови со закана, советнички зборови. Дали само на уста или и на срце дека Ванѓеловиот син Трајко, 18 годишно летно овчарче ќе го најди отепан во некој дол. Велјановци не поднесоја комисија за штетата за лозјето поради многу ближна рода Велјаноска Ванѓелица Неда со Петреска Димитрица Драгица. Крсте ги зеде снопјето во Лозница. Сега не е со истиот ум. Дедо е на 83 години. Старите не рекле за џабе, време дрва продава.

Овој настан кој се деси во тогашната вечер во 1957 година и повеќе роднини и пријатели ги доведе до незгода и срам.       

Продолжува          

Loading