“Животни патила” и “Сестри” се двете нови книги што вечерва во фоајето од ЦК “Марко Цепенков” ќе ги промовира писателката Марија Ѓорѓиоска. Промоцијата на книгите ќе биде збогатена со изложба на слики од авторката и фотографии од нејзината сестра Цене.
“Животни патила” е книга со податлива опсервација на сликите од животот низ шеесетина поетски прикази, додека во “Сестри” има дел песни посветени на нејзината сестра Цене Зуљамоска, како и спомени од нејзиниот сопруг.
Марија Ѓорѓиоска е автор на осум романи и повеќе стихозбирки, меѓу кои “Гнило гнездо”, “Бабините бисерни обетки”, “Аманет”, “Седум години”, “Искри од душата”, “Треперење” и др. Добитник е на повеќе награди и признанија. Член е на Клубот на литературни творци – Прилеп. Освен што пишува таа и слика. Имала 12 самостојни изложби и девет групни. За творештво доби третоноемвриската награда во 2014 година ја.
![]()

