Во храмот Свети апостили Петар и Павле во Варош
Св. Петар и Павле е црква во Варош. Се наоѓа на патот кој води до останатите цркви. Иако нема пишани податоци, експертите проценуваат дека е градена околу 14 век. Градбата е споредувана со црквата Св. Никола во близината. Таа е еднокорабна градба со полуобличест свод. Дел од старата црква, кој бил урнат, е обновен. Изгледот и местополжбата даваат можност за функционалност. Во внатрешноста, живописот е делумно зачуван во неколку композиции.
Црквата претставува регистриран споменик на културата.

Храмот е градена со скромни димензии како еднокорабна градба со нагласена височина. Апсидата е полукружна однадвор и оди до висината на корнизот од црквата. По архитектонската концепција и изразеност, има тежнеење на поголема полихромираност на фасадите. Градена е од камен и цигла. Во ѕидовите се вградени антички споменици и керамички украси. Изведени се преправки, кои најдобро се забележуваат на јужниот ѕид, кој во поголем дел е реставриран, и на сводот. Украсена е со фрески во четири зони. Сочувани се остатоци на фрески на западниот и северниот ѕид. Од композициите подобро се сочувани “Патот на Голгота”, “Христовото оплакување” на северниот и “Успението Богородично” на западниот ѕид. Заостанува уметнички квалитет на фреските зад изведбите кои може да се видат во прочуените споменици од 14 век. Според методот на композиција, цртежите и боењето, фрескоживописот се проценува дека потекнува од 14 век.
Не се сочувани никакви историски податоци, ниту натписи за времето кога е подигната и живописана.

За празникот Св. апостоли Петар и Павле се одржува божествена литургија. За христијаните, Денот е голем празник, бидејќи Светите апостоли, се врвни и со нивната вера, дух просветленост и посветеност на Бога служат како образец и мотив за верниците. За празникот, познат меѓу граѓаните како Петровден, цркавата е посетена од голем број на верници, особено семејствата во кои некој го носи името на апостолите Петар и Павле. Во тој дух се одава достоинствена почит на светителите.
На празник Св. апостоли Петар и Павле завршуваат т.н. петровденски пости, односно еден од четирите повеќедневни пости во годината, врзан за празникот на Апостолите.