ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (199) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Пролетта убава, сончева, колите со арското ѓубре, гнојот се движат по патиштата до своите нивје за фрлање на арското ѓубре, лозарите и орачите оживеаја по лозјата со чистење и режење на лозјата и дигање на нивјето стрништа за садење на нови пролетни култури. Луѓето задолжително наутро каснуваат залаче лебче пазејќи се за да зачека кукавицата и превари со пеење, кукање нагладно поради се мисли на несреќна птица.

Слободните луѓе често одат во полето берат нови коприви и зелје од кои се прават зелници во чест на велигденските пости исклучиво можи во недела и некој верски празник да се јадат рипчиња приготвени во тепсија со ориз и праз. Во некои села се собира и полжави за правење специјални јадења. Во нашето село собирање на полжави не беше во традиција поради полжавот е од месо.

И поред велигденските пости се разнесе една радосна вест да Василоски Јованов Петре кој недавно се вработи кај својот врсник и другар Јованоски Јованов Божидар во воденицата од Алаванија во Прилеп се оженил исто така како и Јованоски Божидар од с. Гостиражни за девојката Костадинка. Двајцата, Божидар и Петре дојдоја со сопругите Лена и Костадинка на Велигден на гости кај своите во Марул.

Денот за Велигден беше сончев, за децата е голема радост поготово за од машкиот пол затова што сите деца имаат јајца при себе и прва игра им е биење јајце со јајце. Денот е со богато јадење, во секое домаќинство има печено или кувано јагнешко месо за ручек. Сред селото богато со присуство на многу народ од селата. Гајдаџијата Алексо бабјак свири нрплатени со по некое јајце од поединци кои го водат орото како ороводци. Во случај ако некоја млада невеста заигра на оро како ороводач тогаш свекоро и го плаќа орото на невестата, на неговата снаа.

Велигден е голем верски христијански празник, за тој ден сите во домаќинството се подновуваат со нова облека, славата на сред селото и во црквата се поштуваат трите дена. На вториот ден на Велигден после ручек тие луѓе кои намеравват да одат на гости во село каде Велигден е селска слава го напуштаат сред селото, се припремаат и заминуваат на гости на селскта слава во замисленото село, а додека останатите мештани остануваат на сред селото ди крајот на времето прозирно од денот. Исусовото страдање е со шест четвртци до Спасовден се неработни денови, тогаш душата на спасителот се преселила на небо, горе.

Откако Исус Христос бил погребан се слушнало да тој ќе воскресни, властите за од секаква случка, настан поставиле стража за чување на гробот на Исус Христос. Стражарите си припремале јадење во еден земјен грнец ставиле да се кува заклан и очистен петел. Во Времето додека се варел петелот еден од стражарите рекол, да бидиме будни, ова што го слушаме од народот да не стани вистина, да не воскресни Исус, ние да си земиме голема одговорност за нашата небудност.

Додека, еден од стражарите со големо исмејување одговори, ќе стани Исус кога ќе стани петелов во грнецов кој го куваме. Стражарот само што го изговорил тој ироничен збор петелот излегол од грнецот со се пердувите застанал на венецот од грнецот, замавнал со чорбата од гнето и запеал, а ги попрскал со врелата чорба од грнето лицата од стражарите, нив му останало лузни по лицата. Денес луѓе кои имаат шарки, плеснотини по лицата се потомци од тогашните стражари. Стражарите отишле кај гробот на Исус за да проверат, виделе да плочата била поместена, Исус си заминал. Во неделата утрото неговата мајка Марија и неговата тетка Магдалена ја наполниле кошницата за задушница во кое носеле варени бели јајца. Кога дошле до стражарницата, стражарите ги прашале каде намераваат да одат тие, им одговориле сакаат да одат кај гробот на Исус за да му остават задушница. Исус Христос воскресна ноќеска, им одговориле стражарите и ние н еверуваме тоа што го слушаме од народот. Ние рекоме Исус ќе стани, оживи кога петелов кој се вари во грнево ќе оживи само што го изрекоме од грнето оживе, застана на венецо од грнето замавта со крилјата и запеја и нé попрска од чорбата на лицата, нé ошарена со дамки, сега ние сме шарени во лицата и отидоме до гробот, гробот беше празен, сега ние веруваме да Исус е воскреснат рекле стражарите во разговор со Марија и Магдалена.

Одговорот на мајката Марија и тетката да не веруваат тоа што им го кажале стражарите. За да ги уверат стражарите ги прашале да ги видат јајцата во кошницата, кога ги погледнале јајцата од бели се пребојадисале, постанале црвени како крвта на Исус Христос. Отишле до гробот на Исус, гробот бил отворен, празен, тек тогаш и тие поверувале да Исус Христос воскреснал.

После овој случај со воскреснувањето со Исус апостолите односно теолозите случајов со Исус неговото страдање го вратија назад од денот средата пред неговото воскреснување кога било потврдено неговото предавство. Затова првотп велигденско јајце се бојадисува во средата вечерта, во четвртокот утрото се станува од спиење, се каснува нагладно залче лебче, се измива лице, се оди кај јајцето каде е поставено за преноќевање, лицето се прекрстува три пати, го зема јајцето три пати јајцето го тркала околу лицето и вели три пати, црвен, бел Велигден, го враќа јајцето на истото место. Сите од фамилијата ќе го направат истиот адет. Јајцето после престој од шест недели се закопува во лозјето за одбрана на лозјето од градобитноста. Така нé учеа постарите, ние така го предаваме на помладите како национални преданија од минатото.

Денот Ѓурѓовден беше топло времето, народот после идење од црква собиралиштето беше Средна река каде што се мешаат реките Копинешка и Оревска на јасиките се врзува ортоми, младите се крлат и си пеат песни за некои замислени тој и таа во вид на смеа.

Постарите, мажите поседнати на камењето плазиките, жените поседнати на лединката под сенката на јасиките ако не врни и си гледа сер во соборот, музиката свири без престанок и корзо се правеше од страна на младите, некои одеа до падарница, а додека корзо бидуваше на другата страна до чешмата од Таневци.

Ѓурѓовден е ден кога се оформува покрупни овчарски булуци за правење бачило и давање овците на руга за пасење преку летото до денот Митровден. Често пати се случувало д ана Ѓурѓовден се пазарело за нов говедар и полјак падар.

Овчари летни во 1957 година беа следните лица: Атанасоски Благоја Танески, Дамјаноски Никола, Велјаноски Методија Танески, Јовчески Трајко Велјаноски, Мојсоски Веле Колески, Мојсоски Цветан Колески, павлески Игне Јоноски, Павлески Павле Петрески, Ризоски Драган Бошески, Ристески Блаже Танески, Ристески Атанас Јанкоски, Тошески Љубе Јолески, Велјаноски Методија Танески, Мојсоски Цветан Колески и Ризоски Драган, почетни летни овчарчиња.                                                              Продолжува

Loading