МРДНАА ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ

Коинциденција со планираните активности или брза реакција, по минатонеделниот напис на Зенит дека наместо градежна офанзива има “парализа”, мрднаа локалните власти. Без присуство  на медиумите, од општинскиот фејсбук профил во средата (5 јули) се пофалија дека ја подобруваат уличната инфраструктура.

“Рехабилитирана и асфалтирана беше улицата “Мукос”. Континуирано се санираат ударните дупки и прокопи насекаде. Улиците кои се рехабилитираат со нов асфалт не биле реконструирани воопшто триесетина години – напишаа на Фб.

За жал, инвестирањето и подобрувањето на патната инфраструктура продолжија во врнежлив ден. Очигледно, кога нешто се сака или се мора, ништо не може да ги спречи, само да биде во интерес на граѓаните!

Loading