ДВАПАТИ ЗАТНАТО КОРИТОТО ЗА 24 ЧАСА

На чешмата Итар Пејо

За 24 часа, со разно разни отпадоци двапати е затнато коритото на чешмата во Старата чаршија, наречена Итар Пејо, според споменикот над неа. Екипа на ЈП Водовод и канализација двапати интервенирала на отстранување на отпадоците и отнување на коритото,  а со тоа ставање во употреба на чешмата за разладување во летниот период.

ЈП апелира на одговорно однесување и грижа за објектите со општокорисна вредност. Непримерните акти на несовесните граѓани не само што иритираат, туку предизвикуваат чудењедо каде може да оди бегството од разумот. Фрлањето на ѓубре во коритото предизвикува вџашеност од дрскоста, што дури во два наврати да се повтори вандалкиот чин на оневозможување на нормалното функционирање на објектот, кој нема само практична улога, туку и претставува споменично обележје за чаршијата и за легендарната пишана итроштина на мариовецот, Пејо, со кој се гордеат прилепчани.

Како и да е, со јавното жигосување можеби ќе се разбуди совеста за одржување на објектите од јавен истерес.

Loading