Фељтон: Томе Велјановски
На деновите Нејатка Теоде свештеникот шеташе и крштаваше вода за деновите Богојавление односно машки и женски Водици. Најголемо внимание во тоа време се прави разговор, јагнењето на овците, учениците распуштени сите со самомодните санки се на одредените места за скијање. Се слуша голем детски џагор од машки и женски глас на слизгалиштето.
Пред денот Богојавление – машки Водици од с. Штавица четири ергенчиња и две девојчиња дојдоја во Марул шетаа од куќа до куќа, собираа подарено од домаќините од сé по нешто. Брашно, месо, сирење, урда, сало, маст и други работи, грав, ориз, од пијалок страна ракија, вино од две сорти, црно наречено машко вино и лисичино розово вино со послаб малиган наречено женско вино. Определено во одредена домаќинска куќа насобрани девојчиња и момчиња каде прават разни јадења. Со тие припремени јадења и пиења излегуваат на Водици на сред селото, ги честат луѓето за благослов за верските денови Водици, тоа било нивна традиција, останала долговечна од времето на бабарите.
За деновите Водици беше убаво времето на машки Водици во Марул имаше причесна, црквата полна со народ без водокрст, немаше одобрение од власта. За вториот ден имаше гости, јабанџии сред селото весело како и првиот ден на Богојавление машки Водици. Сега повесело друштво од луѓе се групираат по куќи, си гостинуваат со јадење и пиење, весели под гас дојдоја на средселото, прават весели џумбузи со грнињата вино в раце. Уште за време Коледе се слушна да стариот дедо и прадедо осумдесет и деветгодишниот Танески Стојанче бил тешко болен, а и сега е во тешка болесна ситуација, тешко е за да ја преживее зимата за тоа никој не знае. Знае само севишниот Бог, велеше Котески Илија.
Стојчета го оставија откако се разболе Мире Дончов Ристески Јанкоски, внуче од син на Ристејца Петра Јанкоска, ќерка на Стојче болниот Танески. Правнучето на Стојче Мире почина при крајот на месец јануари со ненаполнета целосна година дена од неговото раѓање.
Само што му изнесоја девет дена на Мире од неговата умирачка се разнесе абер во селото Марул да починал Танески Стојанче на 89 годишна старост кај Мицевци Таневци. Скоро истите фамилии и роднини ожалостени два пати за кратко време.
Доваѓа денот Прочка за велигденските пости пречекана Прочка со богата трпеза со јадења , пијалок, со амкање јајце нанижано на свилен конец обесено на фурка. Се врти три пати наоколу главата и се пробува јајцето да го фати лицето со отворена уста, не со раце, а повеќето го прават помалите деца, го фаќаат јајцето со гола рака, тоа им е опростено. Лушпите од јајцата се пуштаат по вода во реката, страв од болви, од конецот на фурката се нагорува секое лице поединачно и се гледа брзото или спорото горење на конецот, таква е силата на спомнатото лице, бериќет, стоката итн. Проштавачката завршува на тој начин да секое помладо лице му целива рака буквално на постарото лице и бара проштувачка од него со изреката, проштавај и добива одговор од постарото лице, опростено е, проштавај и ти и Бог да прости. Поближните роднини во селото одат по куќи, се простуваат помладите, одат кај постарите.
На денот Чист понеделник се почистува куќата од сите мрснотии. Останатото мрсно јадење се зачувува додека ќе дојдат ромските питачи, ним им се подарува. Првото куќно јадење по Прочка традиционално јадење е посен грав со топла лебова пресначка. На Чист понеделник Стеваноски Живко направи делба со очув му Илија и мајка му Дуна фамилијарно се пресели за стално во неговата соба за спиење на западната страна од нивната огромна куќна површина.
Пролетта мирна, убава со распеани птици доселеници и сончеви денови. Најдовци или Стевановци после делбата во слободните денови правеа и материјална куќна делба. На денот Благовештение утрото овците не поделени. Живко ги пушти овците со ганињата на попасување. Ги остава овците сами без страв и зазор дотогаш од дивина. Живко се враќа дома да ги забери и магарињата за на пасење изненада наидува еден крволочен скучен волк на Живко на местото му удавува две, тотално удавени мртви јагниња и две надавени благодарение на присустните овчари кои се навоѓале во близината Јованоски Душан Јоноски Атанас живковите овци беа спасени од поголема штета. На тој ден Стевановци направија тотална стопроцентна делба.
Покрај поплаките на околните села од тој палежен волк, направи штета и во нашето село кај Стевановци. На неколлку километри јужно од Марул во државната земја влашките трла со три нивни булуци на овци со близу 1500 овци. Не се чуда волкот нападнал на нивните стада. Постарите велеа да волкот е многу паметно животно, го познава гласот на нивните кучиња, ако покуша нешто да стори сигурно таму животот ќе му заврши смртно, тие имаа повеќе шарпланински кучиња. Поготово женките кучките се многу поагресивни од машките покрволочни за подивина од машките шарпланински кучиња.
Често пати во ноќните времиња кога ќе залаеа влашките кучиња од кај трлата од кај бртвите прави оркестар со исти дебел глас на човек милина му е да ги слуша. Во нивното лаење ќе се приклучеа марулските селски кучиња окуражени од нивното лаење така речено пишти селото од гласот на кучињата ама со измешан ритам на глас како оркестар музички без диригент. Така да во еден ден во среда во времето на велигденските пости младите деца овчарчиња Јанкоски Атанас четиринаесет годишно момче, Јанкоски Ванчо дванаесет годишно момче и Велјаноски Томе, исто така дванаесет годишно момче се договорија своите овци и нивните јагниња да ги пасат преку денот замешани во еден булук за подобар контакт да имаат за преку денот.
Измешаните овци со нивните јагниња во еден математички збир изнесуваат вкупен број преку 400 овци со јагниња. Овчарчињата замешаните овци и јагниња ги потера на пасење преку Горник за во Раѓа ливада пошироко место за пашнак.
Во местото Горник го сретнавме овчарот Веле Колески кој се посмеја со нас, ама денес нема да го оставимте рает до синија со вашето блеење на овците и јагнињата и на Пелистер волчко да е ќе се разбуди. Треба да пазите на неговата поговорка. Едно дете ѓавол дете, две деца елееле. Три деца купче, мене едно јагне в-у-ч-е. Тоа значи едно дете не се дели од овците, две деца можи да заиграат или не. Три деца обавезно ќе заиграат и волкот ќе грабни од овците.
Ние трите овчарчиња се оделиме од Веле овците ги пуштиме од Димачешма нагоре по раѓа ливада овците помешани повеќе блејат него што пасат брзо го минат теренот за пасење овците допреја горе до сливити, свртија према брегот за под гработ. Кај Цуцулескиот камен ги дотераме на садината во орев почна да пасат со по некое блекнување меѓу мајки и јагниња ние се смириме малце порамнаме место во земјата за да играме дома тројка. Времето сончево некде три саатот после пладнина. Тука одеднаш овците престанаа со блеење, се присобра во куп гледаме да волко го носи едно црно јагне од Јоноски или Ладески Атанас и оди нагоре источно према осојнички камење. Ние тројцата по неа со кучињата ќе се завртеше према нас со јагнето в уста врати се кучињата трема нас и така со брзина замина низ уличуњата во осојнички камење во уличињата. Се вратиме оштетени со едно јагне.
Продолжува
![]()

