Ансамблот на театарот со претставата “Мистерија Буфо” в понеделник, гостува во Крушево. Текстот на Дарио Фо, во режија на Андреј Цветановски, а ќе се изведи на манифестацијата “Крушево град на културата”. Крушевчани ќе ја проследат реактуелизацијата на средновековните комични мистерии изведувани од патувачките театарски трупи. Се фрла мрачно-комичен поглед кон апсурдноста на секојдневните неправди.
За оваа претстава, драматургот Лидија Митоска Ѓорѓиевска се закити со наградата за сценска драматизација на текст на последниот МТФ.
![]()

