УНИКАТНА МАГИЈА ЗА МИГОВИ КОИ ЌЕ СЕ ПАМЕТАТ

Ресторан Континентал – за свадби и настани

Во срцето на градот, на “дланката” на плоштадот “Методија Андонов Ченто”, крај споменикот “Крале Марко”, а отспротива на Градскиот саат, никна нов современ угостителски објект кој плени со природните материјали и топлата атмосфера. Прилеп има ресторан со универзално име “Континентал”. Наменет е за семејни веселби, веридби, свадби, крштевки, организирање на настани, промоции, семинари, обуки, деловни и протоколарни средби и состаноци. Семејството Георгиески, по три годишно уредување и адаптација, на градот му подари репрезентативен објект кој го разубави амбиентот. Од руиниран објект направија место за уживање, облагородувајќи го просторот и покажувајќи општествена одговорнот за заедницата.

Посебноста, исклучителноста на објектот, освен тоа што е изграден од природен камен, се надополнува и со “инпутот” кој го има просторот како поранешен хотел “Југославија” на прилепската фамилија Бектешовци кој функционирал во минатиот век меѓу двете војни.

Идејата да го купат објектот кој долги години се продавал и  имал повеќемина наследници, сопствениците Георгиески ја преточиле во инвестиција пред три години. Пандемијата со корона вирусот, од една страна им одела во прилог, не брзале да ја завршат реконструкцијата, но од друга страна уредувале ресторан во време кога сите угостителски објекти биле под клуч. По три години извршување на градежните зафати и темелна реконструкција, почнувајќи од покривот, до подот, инсталациите и приодите, со многу љубов и посветеност, направија објект во кој вткаиле природни материјали кои се репрезент на Прилеп и Пелагонија.

Дизајнот и ентериерното решение се на семејството Георгиески. Плени топлината на прилепскиот мермер на подовите и од рамките на прозорците, транспарентноста на ониксот кој го омеѓува подиумскиот простор, а се користи и матираната површина на травертинот. Убоста и уникатноста која ја нудат природните камења, надополнета е со избраните светлосни елементи кои одлично се вклопуваат во удобните угостиетлски маси и столици.

Вкупната површина на објектот е над 300 м2. На располагање на посетителите е сала за 120 гости. Принципот на работа е исклучиво изнајмување на објектот за свечености и настани, со можност за користење на претходно подготвен кетеринг.

Наместо простор под ведро небо и трева на кој непријатели на гостите им се облаците, дождот, далеку од градот, ресторанот “Континентал” нуди пристоен модерен уреден простор под покрив до кој се доаѓа лесно, со свечена тоалета и пешки.

Покрај префинетоста на просторот, одушевувачки е и погледот кој се протега низ малите прозорци кои ја задржале автентичноста. Одозгора се гледа градот и шеталиштето, плочникот по кој нема прилепчанец да не помине барем еднаш во текот на денот или неделата. Балконот кој можеби не е оној од Јулија, пак е идеална позиција за фотографија за секоја невеста да ја има во семејниот албум.

Ресторанот “Континентал” е повеќе од угостителски објект. Тој е приказна, историја, тој е печат на времето во кое живееме, а за кое ќе се гордеат идните генерации, не само од семејството Георгиески.

 “Континентал” ги очекува своите посетители, а резервациите може да се направат на телефонот 075 518 505 или на фејсбук профилот Continental Weddings&Events.   

Loading