„СÉ ОТСЕГА И СÉ ДОСЕГА“ ОД НИКОЛА ДУКОСКИ

Јаве за книгата

Утревечер во Скопје ќе биде промовирана книгата “Сé отсега и сé досега” од нашиот сограѓанин Никола Дукоски. Книгата е составена од два циклуси.

-Првиот, “Сé отсега”, се поеми и стихови пишувани во слободен стил. Се однесуваат на божественото. Обид да станам поет на еден начин, но и да го кажам на светот тоа што сум го слушнал од небото, поточно да го спуштам на земјата. Вториот циклус, “Сé досега”, се поеми за моите драги луѓе со кои секогаш комуницирам и имам емоционални врски. Секогаш доаѓаат со мене и по мене, дури и ако заскитам. Не ги делам небото и земјата. Тие не се во јаз.  Имаат некое заедничко јас цело време. Од нас зависи колку се поврзуваме. Нема некоја посебна инспирација. Таа е корелација од цел период на творење, поттикната од драги луѓе и поети како Далибор Ивановиќ кој ми ја даде првичната идеја да составам сé во едно – вели авторот Дукоски.

Loading