ПАЧЕШКОСКИ НА МЕСТОТО ОД СТАНКОСКИ

Смена  на врвот во Тутунскиот комбинат

Зоран Пачешкоски, дипломиран економист, е избран за генерален извршен директор на Тутунскиот комбинат на местото на досегашниот Кирил Станкоски. Одборот на директори, покрај Пачешкоски, ќе го има за извршен член и Гоце Котески, магистер по економски науки.

Зоран Пачешкоски неколку години бил раководител на ПЕ на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а за прв човек на Комбинатот доаѓа од УЈП. Тој е претседател на општинската организација на СДСМ.

Loading