МАГНЕТОТ ЗА КОМАРЦИ

Сезоната на комарци почна. Првин се појавија женските домашни комарци кои презимија, а потоа и шумските. Бројот на комарци зависи од нивото на водата на големите реки и од температурата. Постудените години се погодни за развој на домашните комарци со тоа ќе се зголемува нивниот број до крајот на јуни.

Се хранат во затворени простории и вознемируваат при спиење. Речните комарци не пренесуваат заразни болести. Куќните комарци се најважните носители на вирусот Западен Нил. Овој вирус има прилично сложен развоен циклус во кој учествуваат животните и птиците. Уште е рано, да се открие. првите случаи се откриваат во јули.

Околу 80 проценти од луѓето не ги забележуваат симптомите на западнонилската треска, а еден процент може да развие сериозен здравствен проблем.

Најтешка е борбата против домашните комарци, оти доволно е мал простор и мало количество вода женката да ги снесе јајцата. Најдобра заштита е мрежата.

Да не се расипе уживањето во дворот или на балконот од комарци можно е ослободување со природеен раствор кој мириса на нане. Пподготовката е едноставна. Покрај трите состојки може да се додадат неколку капки од некое есенцијално масло кое не го сакаат комарците. Деството е околу два ипол месеци, а потоа треба да се повтори. Природното решение за одвраќање на комарците ефикасно функционира.

Потребни се 500 мл течност за плакнење на устата со вкус на мента/нане, 350 мл какво било пиво  и 700 г епсом сол (магнезиум сулфат)  од аптека. Состојките се мешаат во шише со распрскувач и добро протресуваат. Горчливата сол потешко се раствора, па можеби ќе биде потребно време додека убаво да се раствори. Се прска во дворот, тревата и патеките…

Соединението е безопасно за пчелите.        

Loading