Очите се најразвиениот сетилен орган во телото. Поголем дел од мозокот е насочен на одржување на видот отколку на другите сетила. Кога ќе дојде до напушување на видот, повеќето луѓе би направиле сé да го повратат. Најчестите облици се неправилностите во прекршувањето на светлината. Односно, начинот на кој зраците се прекпшуваат во окото и на кој сликите се пренесуваат во мозокот. Кратковидоста, далековидоста и астигматизмот се нарушувања што се јавуваат поради грешка во прекршувањето на светлината. Далековидноста е спротивна на кратковидоста. Леќите во окото создаваат слики малку зад мрежичката, така што блиските предмети изгледаат нејасни.
Како што се развива окото, мускулот се стега, а фокусот се поместува напред кон мрежничката. Со годините постепено се намалува природната способност на приспособување. Астигматизмот се појавува кога окото нема само еден фокус. Болеста е последица на нееднаква искривеност на рожницата или во некои случаи на неправилните леќи. Луѓето со астигматизам имаат неправилен и нееднаков визуелен впечаток. Некои предмети се гледаат јасно, а некои заматено. Астигматизмот главно е вроден и со годините ниту се влошува, ниту се подобрува. Старечката далековидост означува нејасен вид на нормална оддалеченост за читање. Се јавува по 40 години и затоа се носат очила.
Лек за слаб вид. Потребни се 3 лажици камилица и 500 мл зовриена вода. Камилицата се става во сад и се прелива со зовриената вода и се остава еден час да отстои и да излади. Се процедува низ двојна газа и убаво се проверува дали чајот има трошки од билката во него. Се натопува чиста газа и се процедува. Очите се наквасуваат двапати во денот по неколку пати.
Лек против заматен вид. Потребни се сок од два лимони, 500 мл чиста вода. Се цеди сок од два лимони во водата и се цеди течноста низ двојна газа. Со таа вода се плакнат очите по неколку минути, двапати дневно додека состојбата да се подобри.
![]()

