„ЖИВОТНИ ПАТИЛА“ ОД МАРИЈА ЃОРЃИОСКА

Нова книга

“….Дајте ми ронка среќа

да се насладам

на расцветаните ружи

во градината.

Со насмевка на лицето

да ги гледам

крошните на птитците,

додека сé уште дишам

сакам да танцувам

и слатко да се семам….”

Ова се дел од стиховите во “Животни патила”, новата книга од писателката Марија Ѓорѓиоска. Таа податливо ги опсервира сликите од животот, предавајќи ја во шеесетина поетски прикази. Според Илија Мерковски, творбата е убава поетска рапсодија со наративни слики и приказни на животните патила.

-Вешто, скоро незабалежливо, се вкалапуваат сите персонификации кои само ја зголемуваат сликовитоста. Метафорите ја нагласуваат емотивноста. Најчесто со епитети, двојно ја доловува музикалноста – вели Мерковски.

Марија Ѓорѓиоска  е автор на осум романи и три стихозбирки. Добитник е на повеќе награди и признанија. Член е на Клубот на литературни творци – Прилеп. Таа слика. Имала 12 самостојни изложби и девет групни. За целокупното творештво во 2014 година ја доби третоноемвриската награда.

Loading