ДВЕ ПОБЕДИ ДО ЦЕЛТА

Фудбал: Деспина

Со оглед на поразот на четвртопласираниот Ас унитед дома, во Струга, со 1:4 од Скопје, прилепска Деспина има можност за заземање на тоа 4. место од табелата на Првата женска лига. Разликата е два бода (Ас унитед 36, Деспина 34), но до крајот струшкиот тим има само еден меч (со Тиверија во Струмица), а прилепскиот два (в сабота со Истатов во Скопје, потоа дома со тетовска Шкендија).

Табела: Љуботен 50, Саса 47, Тиверија 41, Ас унитед 36, Деспина 34, Скопје 32, Истатов 21, Речица 13, Шкендија 10, Кочани 5, Борец 3, Кул здравје 0.

Loading