Истегнатите лигаменти на коленото и скочниот зглоб се на прво место при повреди на лигаментите. По оваа повреда, ако се застане во несоодветна положба, да се паднее.
Лигаментите се ткиво за поврзување на коските. Составени се од влакнесто сврзно ткиво или колагенски влакна. Кај лигаментите, овие влакна се испреплетени да обезбедат цврстина и одржување на стабилност во зглобовите. Тие се составен дел на скелетниот систем и играат значајна улога во движењето. Природно немаат способност да се регенерираат. Значи, основната улога на лигаментите во нашето тело е да ги направат зглобовите ефикасни и стабилни. Тие се еластични, но и многу цврсти и силни.
Да се зајакнат лигаментите, може да се користи желатин. Тој се добива од говедски коски, ‘рскавица и тетиви со колаген. Во желатинот се застапени значајни амино киселини, хидроксипролин и пролин. Тие влијаат на градбата на коските, зглобовите, тетивите, мускулите и сврзните ткива. Говедскиот желатин е на врвот од природни лекови за закрепнување на зглобовите. Покажал делотворност при оштетените големи зглобови, особено на колкот, колената, рамената, ‘рбетниот столб и на ‘рскавиците.
Потребни се 150 гр. говедски желатин за јадење. Се мешаат две полни лажици од околу 5 гр со една четвртина чаша ладна вода. Се остава да стои преку ноќ на собна температура. Наутро се меша желатинот и се додава во чај или јогурт. Третманот се повторува секое утро еден месец. Консумирајќи желатин се подобрува здравјето на лигаментите и тетивите и се овозможува подмачкување на зглобовите. Аминокиселините и хидроксипролинот стимулираат раст на сврзното ткиво и се подобрува структурата. Лигаментите јакнат и им ја обезбедува еластичност. Едновремено се елиминира болката. По половина година, може да се повтори третманот уште еден месец.
Без разлика дали станува збор за истегнати лигаменти на коленото, стапалото или глуждот и други повреди, важни се превенцијата и физичката подготвеност.
Грижата треба да почне порано, да не се предизвикаат непријатности подоцна.