Нова книга, превод од турски на македонски
“Не кажувај никому” од турската авторка Гонџа Озмен преведена е на македонски јазик. Препевот го направија Наташа Забрчанец и Звонко Димоски, а поговорот е на акад. Катица Ќулавкова.
Ова е третата објавена и поддржана публикација во едицијата “Балканска женска поезија”, на уредникот Звонко Димоски. Претходно беа објавени “Мајка ми знае што се случува по градовите” и “Денови со полна месечина” од српските авторки Радмила Петровиќ, односно Витомирка Требовац.
Гонџа Озмен е една од најпознатите и највпечатливите турски поетеси. Родена е во Бурдур во 1982 година. Првпат објавила песна во 1977 година и била прогласена за “поетеса на која треба да се обрне внимание во иднина”. Ова е прва книга на Озмен на македонски јазик, а поезијата í е преведувана на англиски, германски, француски… Добитничка е на бројни награди за поезија.