ЗАМРЗНАТА ТАБЕЛА

Фудбал

Редоследот на тимовите од првото до четвртото место ретко се менува во Третата лига – Југ.  Пред другите екипи со квалитетот се Вардар, Питу Гули, Големо Коњари, Превалец. Одамна се знае првакот, неготински Вардар. Единственото прашање е дали докрај ќе победува или некој ќе успее да му земе бод. Во претходното коло Вардар со 6:0 ја совлада Младост. Дерби беше во Големо Коњари каде домаќинот со 1:0 со голот на Михо Андреевски го победи Превалец.

В недела Г. Коњари игра со Младост во Кривогаштани.

Табела: Вардар 39, Питу Гули 35, Големо Коњари 28, Превалец 25, Росоман 21.

Loading