ВОСПИТУВАЧИТЕ СПОДЕЛИЈА ИСКУСТВА ЗА НАДАРЕНИТЕ ДЕЦА

Научните трудови кои беа презентирани на втората конференција на тема ,,Форми на модернизација на работата со надарени деца,, во организација на Здружението на воспитувачи, поддржано од ЈОУДГ ,,Наша иднина,, ќе им помогнат на вработените во градинките да работат со групата на надарени деца за да се постигнуваат поголеми резултати. Прилеп беше домаќин на 200 ученици кои партиципираа во создавање на една насочена програма во соработка со ресорното министерство, по која би работеле сите воспитувачи во градинките за надарени децата. Во ноември ќе организира на учно-стручна конференција, на која ќе бидат собрани сите стручни дела од воспитувачите во една книга, наречена Зборник и ќе се креира прирачник на тема ,,Користење на нагледните средства и помагала,,.

Loading