ВИЦ НА НЕДЕЛАТА

Разговараат две бебиња во породилното одделение, едното машко, другото женско.

Машкото му вели на женското:

– Јас сум машко.

– Како знаеш?

– Сега ќе ти покажам, само нека си отиде сестрата.

Во тој миг сестрата излегува од просторијата, а машкото бебе го трга кебенцето од себе, ги крева нозете во вис и вели:

– Имам плави чорапчиња, гледаш?!


Мајката му вика на таткото:

– Љубов, дај ми го бебето да го нахранам.

– Ќе мора да почекаш додека не заплаче.

– Зошто?!

– Па не знам кај го оставив.

Loading