За екс министерот Сугарески
Поранешниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески предупреди дека за изградба на кружен тек, Прилеп ќе издава обврзница изразена во милиони евра.
-Обврзницата значи финансиско задолжување на Општината. Издавањето има смисла само ако е за инвестиција за иднината, која ќе носи приход. На пример, изградба на систем за гасификација на градот, нови паркинзи, пазари слично – истакна Сугарески.
Според него, срамно е финансиското задолжување за кружен тек.
-Ваквото задолжување би било ужасна грешка! Укажувам со најдобра намера – порача поранешниот министер, Сугарески.