ПРИЛЕП Е УРНЕК ВО СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАДОТ

Министерот за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, го пофали прилепски Комуналец за соодветниот третман на ѓубрето, особено во селекцијата на отпадот.

Според неа, само Прилеп работи позитивно на унапредувањето на селекцијата на отпадот. Таа го посочи градов, односно Комуналец, за урнек како треба да се спроведува процесот на селекција

– Сите да го следат прилепскиот пример, бидејќи ЈП Комуналец не е преокупиран со селекцијата од вчера, туку работи посветено подолго време. Неколку години успешно се спроведува селектирањето како локална надлежност. Поставени се посебни контејнери во различна боја во кои точно се знае што се става, односно како се селектира отпадот од дома. Како држава ќе помогнеме така што од собраниот надомест за најлонски ќеси, ќе се набават околу 7.000 контејнери со големина 1,1 метар кубен и ќе се поделат на сите општини, според нивната големина и бројот на жителите –  вели Шукова.

Според неа,во земјава има изолирани примери низ годините каде општините се обидуваат да направат примарна селекција на отпадот.         

За загадувањето на воздухот таа оценува дека се битни климатските фактори. Ги охрабрува општините да продолжат со субвенционирање на замената на изворите  за загреење, особено за јавните установи.

Инаку, за намалувањето на загадувањето на воздухот оценува дека е долг процес за кој се потребни големи инвестиции и промена во навиките.

Loading