ПО ТРИ БОДА ВО СКОПЈЕ

Ракомет

Поради натпреварите во групи од Купот на Македонија (Прилеп со 28:29 загуби од неготински Вардар), беше пауза во првенството од ракометната машка Супер лига. Во рамките на плеј-аутот, екипата на Прилеп викендов гостува кај Јуниор КВ во Скопје. Ова е добра шанса за нови три бода, со оглед на тоа што прилепскиот тим досега освои 11, а скопскиот само 4 бода. На табелата целта не е само бегство од шестото место, туку и пласман поблиску до врвот.

Води Куманово со 13 бода, пред Прилеп со 11, Голден арт и Скопје по 9, Вардар Н. 7, Јуниор КВ 4, Струга 3 и Радовиш 2.

Во Купот на Македонија за жени, во салата “… Ричко”, Деспина со 35:16 го совлада скопскиот Кузман Вардар, но потоа во Скопје загуби со 38:20 од Вардар.                Викендов Деспина игра дома со Гевгелија, во плеј-аутот од Супер лигата.

Loading