ГИМНАСТИЧАРКИТЕ СВЕТНАА ВО СВИЛАЈНАЦ

Со грст медали се закити Клубот по естетско ритмичка гимнастика “АВАНТГАРД” на меѓународниот куп “ЕВИТА КУП” со 500 учесници, во Свилајнац, Србија. Посветеноста и трудот, под будното око на тренерите, донесе успех во повеќе категори: Марија Тошеска категорија 2010  реквизит обрач – второ место, Јована Везенкоска 2013 реквизит обрач – трето место, Илина Кузманоска 2014 топка – прво место, Теа Петреска 2011 јаже – прво место, Јана Димоска 2012 обрач – четврто место, Галена Ацеска 2013 без реквизит – седмо место, Мелани Ристеска 2014 без реквизит – 15 место и Анастасија Нешкоска 2010 реквизити – лента и обрач 20 место

Loading