ЖЕНСКИОТ КАМЕРЕН ХОР „КЕРАМИЈА“

“Керамија” е новоформиран женски камерен хор кој веќе два месеца се подготвува под диригентската палка на Катерина Попоска. Хорот е вокален оркестар кој врз основа на синтеза на звукот и зборовите пренесува уметнички слики од музичкото дело со неговите богати бои.

– Поттикната од преголемата љубов кон хорската музика и од искуството во хорското пеење, но и хорската дисциплина, го создадов женскиот камерен хор “Керамија”. Го формиравме во јануари со 11 девојки и жени. Сите се аматери, но со претходно музичко познавање. Се совпадна енергијата и љубовта кон хорското пеење – вели Попоска.

Името е одбрано бидејќи било многу звучно.

-Барајќи термин кој индиректно ќе ја објасни областа на денешен Прилеп, , Пелагонија, звучно ме плени “Керамија”. Тоа била рано античка населба околу Марковите кули. Вратата на “Керамија” е отворена за сите кои сакаат да пејат, имаат љубов кон хорското пеење, време и трпение – дополнува диригентот Попоска. Таа очекува плодна и успешна работа, а првиот настап е планиран за фестивалот Техо 2023.

Loading