ВЕЧЕР ЗА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПОЕЗИЈАТА

“На крилјата на зборот” е поетската вечер што ќе се одржи вторник во фоајето од ЦК “Марко Цепенков”. Со стихови ќе се претстават поети од Клубот на литературни творци.            Ќе се прочита и поезија од Ацо Шопов, македонски поет и преведувач, член на МАНУ и еден од основоположниците на современата македонска поезија, по повод 100 годишнината од раѓањето

Поетската вечер ја организираат ЦК “Марко Цепенков” и Клубот на литературни творци по повод Светскиот ден на поезијата.

Loading