ТРИ ПОБЕДИ И ТРИ РЕМИ НА ЕВРОПСКОТО

Шах

Тоа е остварувањето на фидемајсторот Роберт Велески во Врњачка Бања, Србија на Европското поединечно првенство. Мошне солидно, ако се земе предвид дека стартуваше од 393. место, стигнувајќи на крајот до 378 со 4,5 поени. Загуби од Австриец, Србин, фидемајстори Романец и Турчин, интермајстор Германец, ремизира со Србин, Романец и фидемајстор од ФИДЕ, совлада Србинка, Србин и Турчин.

Меѓу учесници од 40 држави со 484 шахисти (130 велемајстори, 109 интермајстори, 115 фидемајстори) победник е велемајсторот од ФИДЕ Алексеј Сарана со 8,5 поени.

Loading