ПОСТ СО КОМПИРИ И ПИПЕРКИ НА ВОДА

Немојте да си мислите дека ако нема масло или маснотија, јадењето ќе биде помалку вкусно. Посни пиперки треба да се јадат не само кога се пости, туку цела година. Има одлични ароми од печен кромид и зеленчук, а лебот е како да излегол од фурна.

За посни пиперки без масло потребни се 350 гр. кромид, 1200 гр. компири, 1 бабура пиперка (свежа или смрзната), 2 помали домати (свежи или смрзнати), парче целер или магдонос, 1 морков, сол и црн пипер по вкус, лажица црвен пипер и вода.

За леб со крцкава кора потребни се 300 мл млака вода, 20 гр. свеж квасец, супена лажица шеќер, 500 гр. меко бело брашно и лажичка сол.

Постапка: кромидот се чисти и се сече на кругови или ленти. Морковот, целерот и пиперката се сецкаат. Доматот се става во тепсија во едно парче. Се посолува зеленчукот и се става да се пече на најсилна температура 20 минути. Потоа сиот зеленчук се става во блендер и се мели до изедначена смеса. Во длабоко тенџере се мијат и се сечат на коцки компирите. Се додава пирето од печен, мешан зеленчук, зачинете со црн и црвен пипер во прав. Се прелива со топла вода да се покриваат компирите, па се става на рингла да зоврие. Се готви првин на најсилно 20 минути, а потоа се намалува на пониска температура и се “крчка” го уште 15 минути. Кога компирот ќе почни да се распаѓа, чорбата е готова. При варењето се добива густина. Се  соли по вкус и се додава магдонос.

За приготвување на леб без масло со крцкава коричка во посебен сад се раствора квасецот во топла вода со малку шеќер. Се додава малку брашно и се меша. Постепено се додава остатокот од брашното, се посолува. Се меси меко и мазно тесто. Се остава 10 минути. Потоа се премесува и се префрла во тепсија наросена со брашно. Оставете да ферментира половина час на топло. Во рерната се става сад со топла вода, се загрева на 200 степени. Се пече лебот во рерната полна со водена пареа додека да зарумени еден час.

Loading