МИКЕНА, НАФЛИО, ЕПИДАУРУС, КОРИНТ…

Пелопонез

Пелопонез, земја на некогашната храбрата Спарта, со раскошно културно – историско наследство. Полуостровот привлекува и со бројните места за одмор и  крај археолошките локалитети.  Не  е доволно ден-два да се “открие” овој дел на Грција. Треба да се види, а не да се раскажат во еден текст.

Некогаш Пелопонез бил споен со копното. Со прекопувањето на Коринтскиот канал 1893 година станува остров. Денеска на две места е поврзан со остатокот од Грција, преку Коринтскиот канал и мостот Рио Антирио. Кога ќе се мине каналот, патот води низ бујна природа, вегетација, но и со песочни плажи и планини да се стигни до највпечтливото место, античкиот локалитет, Епидаурус полн со митови, бидејќи Пелопонез е архитектонска мешавина на епохи. Ќе се дознае за микенската култура, за односот на Спарта и Атина….

Пелопонез е музеј на отворено. Знаменитостите се такаречи на секој чекор, од атрактивни поатрактивни, полни со воздишки и восхит, интересни, со содржини и кои остануваат длабоко сеќавање. Епидаурус, археолошки парк, оддалечен 30 километри од Нафлио. Сместен во борова шума, локалитет е под заштита на УНЕСКО. Амфитеатарот во Епидаурус е еден од најзачуваните и е  светски познат. Во 4 век п.н.е. собирал околу 15 000 посетители. Фантастичен, заради акустичноста. Од централниот дел, во средината каде има бел камен, кога се говори се слушаат сите зборови до крајот. Тоа се потврдува со аплауз. Воодушевува, бидејќи е конструиран така што гледачите и од првите и од последните редови, полукружни и концентрични, можат подеднакво да ги следат содржините од различните програми. Амфитеатарот е активен. Се одржуваат  театарски претстави и концерти. Се организира фестивал на античката драма. Епидаурус бил свето место и еден вид болница. Дел од објектите биле посветени на богот на медицината Асклепи. Во близината е неговиот храм. Тука е и Археолошкиот музеј со експонати кои сведочат за почетоците на медицинското лечење,  бројни скулптури, столбови и различни детали.

Патот води кон Нафлио, некогаш главен град на Пелопонез. Од 10 век п.н.е. бил значаен. Сменил многу владетели. Во време на Првата грчка република од 1821 бил и главен град на Грција. Го загубил приматот во 1834 година, кога престолнина станува Атина. Префинет, интересен, жив, тоа е Нафлио со зачувани стар дел и тврдини. Низ тесните сокачиња се крева оригинална архитектура. Тука е и Археолошкиот музеј, црквата… Од пристаништето се гледа и островот Бурџи со сочувани бедеми. Се организираат бројни културни настани. Над градот се надвисува тврдината Паламиди од времето на млетачкото владеење од 1710 до 1715 година. Се стигнува преку 1000 скали. А оттаму е се ужива во фанатастичниот поглед на морето и на островот.

Микена е посебна со сопствена култура од 16 до 12 век п.н.е. Откриена е од германскиот археолог Хајнирх Шлиман, кој потоа ја најшол и Троја. Таа е најстара и најзначаен европски археолошки локалитети на листата на  културно наследство на  УНЕСКО. Во Пелопонеската војна, најголемата во историјата на Грција, победила Спарта. Микена е на рид од 300 метри, стратешко место со поглед на целиот простор. Кога ќе се погледнат околните врвови, ридови се гледаат силуети на војници, создадени од природата. Остатоци од масовно здание. Големи камени болкови, градена од еднооки џинови, киклопи. Тука ќе ја видите престолнината на кралот Агамемнон кој ја водел Тројанската војна. До неа се стигнува преку Лавовската врата. Два лава, на кои им недостасуваат лица, свртени еден кон друг, се чуварите на капијата и на градот. Како било во тоа време? Градот сочувал бројни гробници. Најпозната е Атрејевата ризница како кошница. Археолог пронашол злато, пехари и други предмети кои сега се експонати во Националниот музеј во Атина. Таму е и златната агамненова маска. Во близина има огромна гробница, за која се смета дека е на Агамненон.

Коринтскиот канал е чудо кое го спојува Егејското со Јонското море. Рачно ископан канали долг 6 километри, широк 21 метар, а висок 79 метри. Одозгора личи на амбис. Има два моста, железнички и автомобилски.

Пелопонез е големо патување низ историјата. Мистичен, историски и фантастичен полуостров.

Фото и текст Каролина Мицевска

Loading