ДВЕ РУНДИ ВО ПРИЛЕП

Пинг-понг

Иако нема многу просторни можности, Прилеп се почесто е домаќин на пингпонгарски настани. В недела (11 ч.) во салата за пинг-понг до Соколаната, има две рунди од Втората машка пингпонгарска лига на Македонија. Учесници се: Прилеп, Пелистер од Битола, Хепи од Кочани и Саса од Каменица. Претходно Прилеп во Битола со 4:3 го совлада Пелистер, со поените на Александар Штаргоски, Рубинчо Ристески, Бојан Базерковски и двојката Штаргоски / Базерковски. Прилеп, на табелата води со максимални 12 бода.

Во Супер лигата во Скопје, Младост 96 игра дерби со Телекмо Нец 2 и со Кочани, а Младост со Крива Паланка и со Телеком нец 2.

Loading