ЧУДО ОД БРМЧАЛО

Дошло време да им се каже сиктер за воловите спрегнати ѕевгар. Стигнало едно големо чудо. Трактор да ти се вика. И тоа странска марка “Форсон”, дар од Владата за чорбаџијата Бомбол. Две мали тркала напред и огромни две назад. Саглам големо орало. Со оџак напред, целиот чадел. Страшно брчел, што дури и нивите се потплашувале. И народот сиот в чудоневиден, очите му истекле од арната ѓурултија што ја кревал. Се тресел кутриот трактор, па зеле јамболии да го покријат, “да го смират да не настине”. Подрипнувал по калдрмите, по сокаците се лулал и оставал пепел од прашина зад себе. Ама шуќур да ти бил за нивите. Бичел на петролеј, орал брзо, по странски. Не е играчка, туку чудо да се дочека.

Денес, тракторот е секојдневние за земјоделците. Секоја втора куќа го чува во двор и им брка големи работи по нивите.

Loading