БРЗО СЛАБЕЕЊЕ СО ЈАБОЛКОВА КИСЕЛИНА

Нема волшебно стапче за слабеење со погрешна исхрана и лоши животни навики. За ослободување од вишокот на килограми, првин да се коригира исхраната, да се исфрлат намирниците кои организмот “не ги сака”, односно не му одговараат. Понекогаш, и некои здрави намирници не се компатибилни и не може да се сварат, па прават тегоби и застој во дигестивниот систем. Се трупаат непотребни материи и се успорува метаболизмот.

Затоа, секој индивидуално треба да го “наслушнува” својот организам и да ја регулира исхраната според потребите. Некои напитоци го забрзуваат метаболизмот, со тоа и процесот на слабеење. Сепак додека не се “фрли” лажицата, не се очекува успех.

Ниту цела кофа јаболкова киселина, ниту каков било друг додаток или не дај боже некакви сомнителни таблети и напитоци, не помагаат без рестрикции во исхраната. Ако се сака да се ослаби, се престанува со лажење на себе си и веднаш се почнува со промена на начинот на исхрана. Тежината може да се коригира само со урамнотежена исхрана и ограничени порции.

Телото треба да се насочи во потрошувачка на масните наслаги, а не на протеините како што најчесто се случува да се создаде дополнителна енергија. Овде помага јаболковата киселина, и тоа повеќе отколку што може да се замисли. Јаболковата киселина претставува катализатор на сите хемиски процеси во телото, особено за масните клетки. Може да се промени метаболизмот на мастите и телото ќе се ослободи од непотребните наслаги.

Танинската киселина во јаболковата киселина го спречува таложењето на мастите, особено во црниот дроб и внатрешните органи. Калциумот не се разложува во базна средина, а за да дојде до разложување, потребно е кисела средина. Калциумот во контакт со мастите создава супстанција слична на сапунот, а човечкото тело не ја апсорбира во крвта, туку ја исфрла од телото. Доколку во организмот нема услови, блага киселост, правилно да се асимилира примениот калциум, во клетките се таложат масти. Необработените јаглехидрати се претвораат во масни клетки и човекот се дебели. Јаболковиот оцет има специфична способност да ги отвора масните клетки и ја пренесува маста во крвта. Јаболковиот оцет го поттикнува варењето и само дел од маснотиите се дигестираат. Остатокот се исфрла од телото уште несварен. Јаболковиот оцет го забрзува согорувањето на калориите и побрзо ги отстранува токсините и штетните наслаги.

За оние на кои јаболковиот оцет им е кисел и не им одговара на желудникот, се предлага комбинација од 2 лажици јаболков оцет, 1 лажичка мед и исцеден сок од јаболко. Покрај сок од јаболко, се препорачува и комбинација од јаболков оцет, мед и вода. Може да се пие наутро, пред кафето, по будењето. Бидејќи секој организам е специфичен потребна е  консултација со својот лекар.

Loading