БЕЛ ДЕН ЗА СТРУЧНАТА КНИГА НА О Д-Р МИРОСЛАВ ДИМИТРИЕСКИ И Д-Р ГОРДАНА МИЦЕСКА

“Перспективни ориенталски сорти тутун и сортна структура во македонското примарно производство на тутун” е книгата од д-р Мирослав Димитриески и д-р Гордана Мицеска. Се работи за стручна литература, значајна за тутунопроизводството, прва од ваков вид во земјава.

На 154 страници, со 57 фотографии, 11 табели и 6 табеларни прилози, авторите пишуваат за значењето на сортата како производен фактор, за перспективите на ориенталниот тип на тутун, за застапеноста на сортната структура во македонското примарно производство на тутун…

Д-р Димитриески и д-р Мицеска ја акцентираат важноста на тутунот како култура која учествува со висок процент во формирањето на националниот доход во земјата. Од социјален аспект ангажира голем број луѓе не само во примарното, туку и во тутунската индустрија. Потенцирана е важноста на селекцијата за подобрување на одделни карактеристики, креирање на нови сорти и нивно воведување во структурата на производството. Посочуваат дека сортата е основен фактор кој обезбедува потенцијални можности за повисок принос и квалитет.

Книгата е резултат на долгогодишната работа на двајцата автори во областа на генетиката и селекцијата на тутун и тутунопроизводството во земјава Ќе биде кроисна литература за постдипломските и докторските студии на универзитетите.

Loading