АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Кога народот ќе ги прочита политичарите тие веднаш треба да одат на отчитување кај народот.

х

Ако не си Соломон не се фали дека постапуваш како него.

х

Кога немаш обезбедено темели не брзај со градба на катови.

х

Туѓите желби оставете им ги на туѓинците.

х

Мислат за народот само како да го премислат.

х

Секое дете треба да расте кротко и гордо.

х

Не посегнувај со долга рака можеш да останеш без неа

х

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading