ВО 2027 ГОДИНИ ПО НОВ ПАТ ДО БИТОЛА?

Следниот месец треба да стартува изградбата автопатот  Прилеп – Битола (39,3 км), а треба да биде готов за 5 години.

Конзорциумот „Бехтел и Енка” ќе ги гради делниците Тетово – Гостивар,  Гостивар – Букојчани, Прилеп – Битола и Требеништа – Струга – Ќафасан во должина од 108,8 км. за 1,3 милијарди евра. Цената во просек ќе биде 12 милиони евра по километар. Изведувачот сам или преку домашни проектански фирми ќе проектира и ќе гради.

Годишно во просек ќе се градат по 23 километри автопат. Целата изградба треба да заврши до 2027 година. Предложениот динамички план предвидува рок од 33 месеци за Тетово-Гостивар, 49 месеци за Требеништа – Струга – Ќафасан и 57 месеци за Гостивар – Букојчани и за Прилеп -Битола.

Финансирањето е од државниот буџет. Во Министерството за транспорт и врски годинава се предвидени 244 милиони евра. Секоја година ќе се издвојуваат по толку средства.

Loading