СОРАБОТКА ЗА ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК

Јовчески  и Проданоски во Комфи Ангел

Градоначалникот Борче Јовчески заедно со претседателот на Советот, Дејан Проданоски ја посетија една од најголемите општествено – одговорни компании во Прилеп, Комфи Ангел.

– Во комплетно нов амбиент и исклучително пријатна работна атмосфера разговаравме со сопственичката Ирена Јакимовска за огромното економско значење на компанијата за Прилеп. Локалната самоуправа секогаш ќе биде партнер на компаниите за подобрување на економскиот развој – напиша на ФБ градоначалникот Јовчески.  

Тој очекува уште посилна и постабилна економија, благодарение на ваквите компании кои одлично работат за домашниот и на мегународниот пазар.

Loading